Урсула Фон дер Лајен / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Фон дер Лајен: Нема царини меѓу ЕУ и САД за одредени стратешки производи

САД и Европската Унија  одлучија да ги укинат сите царински давачки за одредени нивни производи, вклучително и за воздухопловството, изјави вечерва претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Двете економски сили одлучија меѓусебно да ги елиминираат царините за низа стратешки производи, вклучувајќи аеронаутичка опрема, одредени хемикалии, полупроводници, одредени земјоделски производи и критични суровини, изјави таа за новинарите во Шкотска каде што се одржа состанокот.

Како што додаде, ЕУ ќе купи големи количини енергенси од САД за да го замени увозот од Русија.

Ќе го замениме рускиот гас и нафта со значителни купувања на американски течен природен гас (LNG), нафта и нуклеарно гориво, во износ од 750 милијарди долари во текот на три години, рече Фон дер Лајен.

Разговорот се одржа пред рокот на 1 август што го постави Трамп. На ЕУ ѝ се закануваа царини од 30 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот