
Фон дер Лајен: Не размислувам за кандидирање на претседателските избори во Германија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека не размислува за кандидирање на претседателските избори во Германија во 2027 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Целосно сум посветена на моите должности како претседател на Комисијата и не сум достапна за други позиции“, рече Фон дер Лајен во писмените одговори на прашања од медиумски компании од Водечкото европско здружение за печат (ЛЕНА), пренесува Политико.
Фон дер Лајен, која беше повторно назначена за шеф на Комисијата минатата година, е на оваа функција од 2019 година, а извештаите на германските медиуми ова лето сугерираа дека таа би можела да ја напушти извршната власт на ЕУ пред крајот на нејзиниот мандат во 2029 година за да се кандидира за претседател на Германија.
Одговарајќи на прашања за ситуацијата во Газа, фон дер Лајен повтори дека е потребно да се најде „вистинска безбедност“ за Израел и дека сите Палестинци заслужуваат „безбедна сегашност и иднина“.
Таа рече дека решението со две држави е „единствената перспектива за траен мир во регионот“ и оцени дека постапките на израелската влада во последниот месец се „јасен обид да се поткопа“ ова решение.
Затоа Комисијата одлучи да предложи серија „целни и пропорционални мерки“ против Израел поради наодите за кршење на човековите права во Газа, рече Фон дер Лајен, која додаде дека е свесна дека ќе биде тешко да се обезбеди мнозинство за поддршка на мерките.