
Фон дер Лајен и Стармер му ја честитаа победата на канадскиот премиер Карни
Врските меѓу Европа и Канада „се силни и стануваат сè посилни“, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, честитајќи му ја изборната победа на канадскиот премиер Марк Карни.
Препорачано
„Нетрпелива сум да работиме во тесна соработка, и билатерално и во рамките на Г7. Ќе ги браниме нашите заеднички демократски вредности, ќе го охрабруваме мултилатерализмот и ќе станеме застапници на слободната и фер трговија“, рече фон дер Лајен во порака објавена преку Икс.
Британскиот премиер Кир Стармер, исто така, му честиташе денес на својот канадски колега Марк Карни за неговата изборна победа, изразувајќи радост од фактот што „односите се зајакнуваат“ меѓу Обединетото Кралство и Канада, две земји кои се „најблиски сојузници, партнери и пријатели“.
„Нашето партнерство се темели на заедничка историја и заеднички вредности, со заеднички суверен (кралот Чарлс Трети) и воодушевен сум што нашите односи се зајакнуваат“, изјави Кир Стармер по победата на канадските парламентарни избори на Либералната партија на Марк Карни, поранешен гувернер на централните банки на Канада и Обединетото Кралство.
„Го поздравувам вашето лидерство во меѓународните прашања и знам дека ќе продолжиме тесно да соработуваме во одбраната, безбедноста, трговијата и инвестициите“, додаде Стармер во својата изјава.
Марк Карни победи на изборите во Канада: Трамп никогаш нема да нѐ покори