Урсула фон дер Лајен Фото: ЕПА

Фон дер Лајен го „преживеа“ гласањето во Европскиот парламент за недоверба

Европскиот парламент денес гласаше против гласањето за недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен, иницирано од романскиот европратеник Ѓорѓе Пипера.

175 европратеници гласаа за предлогот за недоверба на Фон дер Лајен, додека 360 гласаа против, а 18 беа воздржани.

Пипер го поднесе предлогот поради нетранспарентната размена на текстуални пораки меѓу Фон дер Лајен и директорот на американската фармацевтска компанија Фајзер за време на пандемијата на коронавирусот.

Комисијата го отфрли барањето на новинар за објавување на преписката од 2021 година за набавка на вакцини, а општиот суд на ЕУ во мај пресуди дека ЕК не дала доволно причини да не ја објави преписката, на што европскиот извршен орган поднесе жалба.

За гласање за недоверба беа потребни две третини од гласовите на европратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот