фото: МИА

Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” најуспешна група на „Илинденски денови”

Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” од Кавадарци е прогласен за најуспешна фолклорна група која на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” во Битола презентираше традиционална музика и игра.

На синоќешното свечено затворање на фестивалот што се одржа во археолошкиот локалитет Хераклеа, стручното жири соопшти дека за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра е прогласена КУД „Пензионер” од Прилеп, за најуспешна вокална групна изведба награда доби КУД „Јане Сандански” од Неготино, за најуспешен изворен оркестар прогласен е Ансамблот „Тримери” од Струмица, додека посебна награда за најуспешна соло вокална изведба награда доби Миливој Миладиновски член на КУД „7-ми Септември” од Македонски Брод.

Во чест на наградените, во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа целовечерен концерт одржаа македонскиот гитарист Влатко Стефановски и американскиот гитарист од српско потекло Мирослав Тадиќ.

Годинава на 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови” настапија над 1.000 учесници, членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од три континенти во Светот чиј домаќин беше НУ Центар за култура-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!