
ФОТО+ВИДЕО | Што се случува со лицето на Мег Рајан? Се упропастила, целосен хаос, вели пластичниот хирург
Обожавателите на Мег Рајан, која се врати во филмскиот свет по осум години пауза, во филмот „Што се случува подоцна“ (What Happens Later), се одушевени што повторно ја гледаат својата миленичка, но на социјалните мрежи тврдат дека таа е жртва на „лоши и бизарни пластични операции“.
Препорачано

„Одлично е да се види Мег Рајан повторно на екранот, но Боже, посакувам да не се играше толку со своето лице“, стои во една од објавите на Икс, пренесува „Њујорк пост“.
„Преименувајте го филмот во ‘Што се случува со лицето на Мег Рајан?’“, се пошегувал еден корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Great to see Meg Ryan back with her bread and butter but lord I wish she didn’t mess with her face.
— afiaonfiyah (@afiaonfiyah) August 30, 2023
Луѓето се огласија на социјалните мрежи за да го изразат своето жалење, бидејќи холивудската миленичка од романтичните хитови како „Кога Хари ја сретна Сали“ (When Harry Met Sally), „Романса во Сиетл“ (Seattle Romance) и „Имате порака“ (You Have a Message), имала голем број естетски зафати. Многумина се запрашале зошто таа потклекнала на притисокот и каде исчезнале „продорните очи“.
„Нема да правам ништо со моето лице. Се плашам дека ќе завршам како Мег Рајан. Сите жени во Холивуд го прават тоа сега и сите изгледаат исто во одреден момент. Кутрата Мег Рајан, беше толку слатка“, пишува во коментарите.
Од друга страна, познатата актерка никогаш не признала дека направила пластична операција, но еден стручњак шпекулира дека не само што „отишла под нож“, туку и дека постапката била неуспешна.
„Таа е во хаос“, рекол познатиот пластичен хирург д-р Сем Ризк.
„Мислам дека нејзиниот лифтинг на лицето тргнал во погрешна насока“, објаснил Ризк. Како што објаснува докторот, издајнички знак за хоризонталните операции е нејзината уста.
„Кога беше помлада, устата ѝ беше помала. Погледнете ја нејзината уста во „Топ ган“. Сега е двојно поголема. Единствениот начин на кој устата може да стане поголема додека стареете е ако се повлече на страна“, вели Ризк.
Друга можна област за дотерување се нејзините образи.
„Образите никогаш не стануваат поголеми како што старееш“, објаснил докторот.
Инаку, Рајан веќе еднаш се осврнала на шпекулациите за нејзиниот изглед, свртувајќи на друга тема.
„Постојат поважни разговори од тоа како жените изгледаат и како стареат“, изјави за списанието „Портер“ во 2015 година, во написот кој оттогаш е отстранет. „Ги сакам своите години. Го сакам мојот живот во моментов… Ја сакам личноста во која станав, личноста во која еволуирав“, изјавила актерката.