фото: ФК Пелистер Битола

ФК Пелистер закажа пет контролни натпревари, најавени се и нови засилувања

Тренерот на фудбалскиот клуб Пелистер, Димитар Капинковски задоволен од првата сработена недела, закажани се пет контролни натпревари и најавени нови засилувања кои треба да се приклучат на тимот во наредниот период.

Битолската екипа како подготовка за новата сезона ќе тестира против Струга, Трајал од Србија, Македонија ЃП, Охрид и грчкиот Егалео.

Задоволен сум од сработеното во првата недела од подготовките. Се одработија 11 тренинзи во одлична, позитивна и работна атмосфера.

Во подготвителниот период ќе одиграме пет контролни натпревари, со цел екипата што подобро да се запознае и подготви за почетокот на новата сезона. Најпрво ќе тестираме со Струга Т.Л., потоа со Трајал од Крушевац во Битола, со Македонија Ѓ.П. во Охрид, па со Охрид во Битола, а според планот, последниот контролен натпревар е закажан со грчкиот тим Егалео во Охрид.

Во интензивни преговори сме со неколку играчи, со дел од нив сме во завршна фаза, и ако сè оди според планот, во наредната недела треба да пристигнат под „Тумбе Кафе“ – вели Капинковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот