Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Фирма за ортопедски помагала со лажна нотарска изјава измамила 140.000 евра од ФЗО

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител на фирмата Бауерфеинд ДООЕЛ, која со лажна нотарска изјава склучила тригодишен договор со Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), со што го оштетила буџетот на Фондот за околу 140.000 евра.

Имено, пријавената управителка дала лажна изјава заверена на Нотар со која потврдила дека за Фондот ќе набавува и фактурира ортопедско помагало со назив „Ортоза за колк со зглоб“, иако била свесна дека се работи за пластичен апарат наменет за коленото и скочниот зглоб.

Со оваа фалсификувана изјава, првообвинетата свесно го довела Фондот во заблуда со нив да потпише договор за набавка на ортопедски помагала кои не одговараат на намената и дијагнозата, во рок од 1 јануари 2014 година до 31 декември 2016 година, за чие издавање е потребна потврда од доктор специјалист, велат од Финансиска полиција.

Во договорниот период од три години, фирмата Бауерфеинд го снабдила Фондот за здравство со 171 од овие помагала, фактурирани со погрешна шифра, за кои наплатиле сума во вредност од 8.703.558 денари, или околу 50 000 денари од примерок, со што го оштетиле Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!