Владимир Путин/ Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Финскиот претседател: Војната во Украина е „најголемиот геополитички пораз на Путин“

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да ги оствари целите од војната во Украина, оценувајќи ја ситуацијата како „најголем геополитички пораз во модерната историја“.

„Шефот на Руската Федерација доживеа неуспех во апсолутно сите свои стратегиски цели. Ова е можеби најголемиот стратегиски геополитички неуспех во модерната историја“, рече Стаб во интервју за финската телевизија Иле.

Како аргумент за своето тврдење, тој ги наведе приклучувањето на Финска и Шведска кон НАТО, како и зголемувањето на одбранбените буџети на земјите членки на Алијансата до пет проценти од БДП.

Стаб истакна дека Европа мора цврсто да продолжи со поддршката за Украина и да ѝ овозможи побрз пат кон НАТО, нагласувајќи дека „територијалните загуби не смеат да се прифатат како нова реалност“.

Тој додаде дека односите меѓу Финска и Русија можат да се нормализираат само по завршувањето на војната, иако двете земји ги поврзуваат географската близина и заедничката историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот