Финска и Украина потпишаа десетгодишен договор

Зеленски и Стуб / Фото: Vesa Moilanen / Lehtikuva / Profimedia

Финскиот претседател Александар Стуб и неговиот украински колега Володимир Зеленски потпишаа договор за безбедносна соработка и долгорочна поддршка во Украина, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Договорот опфаќа повеќе теми – политичка поддршка, поддршка за украинската одбрана и безбедност и поддршка за украинските реформи и обнова.

„Десетгодишниот договор е доказ за долгорочната посветеност на Финска да ја поддржи Украина“, соопшти канцеларијата на Стуб.

Стуб му рекол на украинскиот претседател дека Финска ќе испрати уште еден пакет одбранбен материјал во вредност од околу 188 милиони евра, што ќе го зголеми вкупниот придонес на Финска во Украина од 2022 година на околу две милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот