оскари
Моменти од доделувањето на Оскарите / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Филмската академија објави нови правила за Оскарите: Никому не му е јасно како едно не важело досега

Американската филмска академија објави низа нови правила кои ќе се применуваат на следната церемонија на Оскар, која е закажана за 15 март 2026 година.

Една од главните вести е дека сите членови на Академијата ќе мора да ги гледаат сите филмови во категориите за кои гласаат. Досега тоа беше само препорачано, а гласачите ги избираа категориите за кои сметаа дека имаат доволно познавање, но не беа обврзани да ги гледаат сите номинирани филмови.

„Членовите на Академијата сега мора да ги гледаат сите номинирани филмови во секоја категорија за да имаат право на глас во последниот круг“, се вели во соопштението на филмската академија.

Многумина беа изненадени од фактот што вакво правило досега не важело, но останува нејасно како ќе се спроведува оваа обврска и како ќе се проверува дали гласачите ги гледале сите филмови.

Поради нејасноста на самото правило, оваа одлука предизвика низа реакции на социјалните мрежи, па многу корисници на Икс коментираа: „На кој принцип работеа порано“, „Ова е неверојатно“, „Не ми се верува“.

Академијата воведе и нови правила поврзани со употребата на вештачка интелигенција, статусот на режисерите кои ги напуштиле своите домови, како и нова награда за кастинг.
Кога станува збор за вештачката интелигенција, правилникот вели: „Употребата на генеративна вештачка интелигенција и други дигитални алатки при креирањето на филм ниту помага ниту ги попречува шансите за номинација.

Употребата на вештачката интелигенција во филмската индустрија е предмет на жестока дебата долго време. За време на овогодинешната трка за Оскар, филмот „Thr Brutalist“ предизвика контроверзии откако беше откриено дека вештачката интелигенција била користена за подобрување на дијалогот на унгарски јазик што го зборувале Адриен Броди и Фелисити Џонс.

Академијата нагласи дека при оценувањето ќе се земе предвид колку човечката креативност била во центарот на креативниот процес. Во категоријата за најдобар меѓународен филм, со новата одлука, авторите со статус на бегалец или азилант ќе можат да ја претставуваат државата што ги примила, дури и да не е нивната татковина.

Иако механизмот за номинација сè уште се потпира на земјите што поднесуваат филмови, новите правила прецизираат дека земјата што го испраќа филмот мора да потврди дека креативната контрола е во најголема мера во рацете на нејзините државјани, жители или лица со статус на бегалец или азил.

Новите правила, сепак, нема да им помогнат на авторите кои сè уште живеат во земји кои им го ускратуваат правото на слободно создавање, ниту на оние чии филмови биле одбиени од националните комитети.

Академијата, исто така, ги објави правилата за нова категорија која наградува „исклучителен кастинг“ или глума. По првичниот круг на гласање и формирањето на потесен круг од 10 филмови, на претставувањето на кандидатите ќе присуствуваат и членови на кастинг-одделот. Следното, 98. доделување на Оскарите ќе се одржи на 15 март 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот