Игор Филков/Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Филков: Интерпелацијата за Коцевски е показател во кој правец треба да се движат работите

Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом, вели министерот за правда Игор Филков.

Тој во интервју за Пресс24.мк тврди дека  интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите.

Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто решени да не дозволиме обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на било која политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат, наведува Филков во интервјуто.

Според него, неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа, нагласува Филков, директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот