
Филиповска-Грашкоска: За мене и моите колеги, инспекторите се рамо до рамо со здравствените работници
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес конференција ги презентираше инспекциските надзори за период од 19 март до 21 април од шесте инспекторати.
Препорачано
– Би сакала да одадам признание на сите инспекторати кои ја извршуваа својата работа со полна професионалност. Инспекторите се постојано на терен за да се заштитат прават на потрошувачите, работниците, да се одржува квалитетот на лековите и основните прехранбени продукти. За мене и моите колеги инспекторите се рамо до рамо со здравствените лица и полицајците.
Во изминатите месец дена инспекциските служби имаат направено 33.173 инспекциски надзори. Од нив 26.569 се спроведени од државниот пазарен инспекторат. Еден поголем дел се за угостителските објекти, а дел за замрзнатите цени на одредени производи. Притоа во овој период се затворени 162 угостителски објекти, а од визуелната обиколка најголемиот дел ги почитуваат забраните за работа.
Државниот пазарен иснспекторат ги контролираше и кафематите при што се запечатени повеќе од 350 кафемати. Извршени се 5.508 надзори на малопродажни и големопродажни објекти, можеме да констатираме дека најголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките за замрзнати цени.
АХВ реализираше 1.645 надзори и се изречени 5 глоби, 75 казнени мерки едукации и изречени се 64 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба.
Државниот инспекторат за труд реализираше 3.236 надзори и се донесени 42 решенија и 152 укажувања за работодавачи кои не почитувале одлуки на Влада.
Државниот инспекторат за транспорт реализираше 751 надзор, општинскиот сообраќај е редуциран за 95 отсто и продолжува да се редуцира.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат реализираше 732 инспекциски надзори со особен фокус на приватни и јавни здравствени установи и домови за стари лица. Паралелно, издаде 9.607 дозволи на транспортери за професионални возачи во меѓународниот транспорт во услови на коронавирусот.
Агенцијата за лекови и медициснки помагала направи 249 контроли на веледрогерии и аптеки. Притоа е констатирано дека нема специфични отстапувања.
Инспекциските служби продолжуваат со работа на терен. Нерегуларностите ќе се санкционираат без исклучоци, рече Филиповска-Грашкоска.