
Филиповска – Грашкоска: Извршени се вкупно 5.213 инспекциски надзори за период од 28 март до 1 април
Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филиповска – Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше инспекциските наоди за период од 28 март до 1 април.
Препорачано
-Во овој период од страна на 6-те инспекторати се направени вкупно 5213 надзори и воглавно се почитуваат владините мерки. Според податоците најголем дел од контролите, вкупно 4261 ги направил државниот пазарен инспекторат. Од нив 823 надзори се однесуваат на замрзнатите цени на одредени произовди, а останатите на работата на угостителските и услужни објекти. Од нив 20 се затворени на подрачјето на цела држава. Поголемиот дел од угостителите ги почитуваат мерките. Контролирани се и кафематите. Од контролата во Штип констатирано е дека 34 кафемати не работеле. Дополнително, во овие 5 дена утврдени се помал број на зголемувања на цени на јужното овошје.
Истовремено по излегување на терен е констатирано дека има пријави за неосновано зголемување на цени, замолуваме да има пријави за реални непочитувања на владините мерки. Постапено е и по пријава за фалсификат средства за дезинфекција, при што надзорот е се уште во тек.
Државниот санитарен инспекторат изврши 74 надзори и издаде 1019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила на територија на С. Македонија. Од страна на здравствените и санитарни инспектори е констатирано дека возачите се придржуваат до мерките.
АХВ спроведе 277 надзори во повеќе градови. Изречени се 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка и истите се отстранети од објектите. Издадени се 5 решенија на месарници и маркети поради лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш да се превземат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Државниот инспекторат за транспорт направи 155 надзори. Меѓуопштинскиот сообраќај е редуциран за скоро 90 отсто, а меѓународниот линиски превоз е во целосен прекин.
Малмет изврши 32 надзори, нема специфични отстапувања, се одржува ред во аптеките, влез на ограничен број на лица, а цените се според одлуките на Владата.
Државниот инспекторат за труд изврши 414 контроли донесено е едно решение и 22 укажувања за работодавачи, кои не постапиле по препораките на Владата.
Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од коронавирусот, рече Филиповска – Грашкоска.