
Филипче: Нека се декласифицираат информациите и да се дознае дали имало преслушување
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека треба да се декласифираат информациите за да се види која е вистината и дали навистина имало прислушувања, по наводите дека премеирот Христијан Мицкоски, новинари, министри биле следени од страна на вработени во Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Препорачано
„Во АНБ, во наше време, направивме сериозни реформи. Јас сум за да Обвинителство направи буквално сѐ, како и ние како пратениците и да се дознае вистината за овој случај. Имам впечаток дека само се нафрлаат работи во јавноста за да се направи фама. Нека се расчисти овој случај, јавноста заслужува“ изјави Филипче.
Тој додаде дека очекува објективно да се прикажат фактите за да биде задоволена правдата.
„Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница. Да ве потсетам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Нека се декласифицираат информациите, па да видиме каква е вестината. За да нема лов на вештерки, лов во матно“ порача тој.
Филипче нагласи дека има доверба во поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Доневски, кој претходно објави дека премиерот Мицкоски не бил следен од Агенцијата кога тој бил на чело на оваа институција.
Премиерот Мицкоски рече дека нема да има селективна правда, најави одговорност и правна разрешница за скандалот со нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот.
Ќе има одговорност и правна разрешница за тоа што ме следеле мене, новинари, најавува Мицкоски