СДСМ предлага три денари дополнителни субвенции по килограм грозје

СДСМ остро реагира на потегот на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – кои оваа година не ја објавија производната цена на грозјето.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со пратеничката група на партијата денеска поднесе предлог-закон за измена на Законот за вино, со цел да се обезбеди вистинска и правична финансиска поддршка за лозарите, соопшти СДСМ.

– По серијата средби со лозарите во Скопје, Кавадарци и Неготино, се наметна потребата за итна измена на законот. Предлагаме дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари што ќе го предадат грозјето кај регистрираните винари до 1 август 2025 година – изјави Филипче.

СДСМ остро реагира на потегот на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), кои оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, се вели во соопштението, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со тоа, се додава во соопштението, винариите беа ослободени од обврската да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена.

– Наместо реална и законска цена, лозарите добија зголемување на основната цена од само половина денар. Тоа не е ниту соодветно ниту правично. Во 2023 година лозарите добиваа и до два денара дополнителна субвенција, што значи дека оваа година реално имаат загуба од еден и пол денар по килограм – додаде Филипче.

Дополнително, СДСМ предлага укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% ако лозарите сакаат брза исплата, што е пракса која се користи за уцена и за манипулација со трудот на производителите, велат од СДСМ.

– Ќе ставиме крај на манипулациите со трудот на луѓето. Не смее државата да дозволи 11.000 семејства, кои живеат од лозарство, да бидат повторно понижени. Владата има пари, има и механизми, само треба волја – изјави Филипче.

Законот предвидува и вклучување лозари кои досега не биле корисници на финансиска поддршка преку годишните програми или преку Интервентниот фонд.

– Оваа мерка е реална, праведна и итна. Очекуваме Владата да ја прифати и Собранието да ја усвои со поддршка од сите политички партии. Лозарите не смеат да бидат оставени сами – порача претседателот на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!