Реновирање на Универзитетската Клиника за ортопедски болести/ Фото: Фејсбук

Филипче: По цели 70 години реновиран е дел од Клиниката за ортопедија

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија каде се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. 

-На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и апартмани, а се создадоа и поубави услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите.

Во наредниот период следува реновирање на уште една операциона сала и другото крило од Ортопедија. Новото реновирано одделение на клиниката го посетив со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски, напиша Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!