Венко Филипче Фото: СДСМ

Филипче: Ќе разговараме со сите политички партии и ќе имплементираме научени лекции од претходните коалиции

Коалиција од 14 партии е веќе потврдена и се прават зеднички советнички листи според неа, но процесот за разговори со други партнери допрва почнува и ќе разговараме со сите политички партии, изјави лидерот на политичката партија СДСМ, Венко Филипче.

– Почнавме заеднички да ги креираме листите во сите општини, а во однос на други партнери почнува процесот на разговори. Ќе разговараме со сите политички партии меѓутоа принципите на коалицијата значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите кои ќе ги ветиме на граѓаните, односно имплементираме научени лекции од претходните коалиции кои на некој начин го оштетија имиџот на СДСМ – одговори лидерот на опозицијата, Филипче на прашањата дали се можни коалиции на СДСМ со ДУИ или Алијанса за Албанците.

За последните случувања во владината коалиција откога Таравари излезе од „Вреди“, Филипче вели дека е само прашање на време кога целосно ќе се распадне оти покажале дека ништо суштински не ги врзува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот