Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Венко Филипче, претседател на СДСМ/ Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

Филипче ќе ја презентира најавената резолуција со „црвените линии“ за ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче денеска ќе ја презентира Резолуцијата со „црвените линии“ на земјава во однос на спорот со Бугарија и интеграцијата во Европската Унија.

СДСМ ќе објави нацрт-верзија на документот кој треба да ги усогласи гледиштата на македонските политички партии околу бугарската блокада и патот на Македонија кон ЕУ, најави Филипче.

„Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието“, вели Филипче.

Тој повтори дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија.

„Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина“, додава лидерот на СДСМ.

Без оглед на содржината и независно од тоа дали владејачките партии ќе ја прифатат, резолуцијата на СДСМ веќе е „историска“, макар во наводници. За неа Филипче и премиерот Христијан Мицкоски со недели дискутираат преку медиумите, разменувајќи повици и одговори. Мицкоски во неколку наврати повтори дека „едвај ја чека“ резолуцијата што ја најавува неговиот опозициски ривал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот