Венко Филипче/ Фото: Фејсбук

Филипче: Бојан Христовски за директор на АНБ е „партиско киднапирање“, ќе ги информираме сите стратешки партнери

Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност е поставен од премиерот и Владата во манир на диктаторство и на таков начин е направено „партиско киднапирање“ на една од најсериозните институции во безбедносната сфера, ијзави претседателот на СДСМ Венко Филипче во Собранието. Тој додаде дека СДСМ ќе ги информира сите стратешки партнери за ова назначување за кое рече дека е „понижувачко“ и ќе бара од од стратешките партнери нивна реакција.

– Ние потрошивме многу време и инвестиции да се професионализира таа институција. Првите чекори во таа насока почнаа уште со Пржинските разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за кои што назначувањето на ваков кадар не е ништо друго освен една форма на понижување.

Со овој манир Мицкоски потсетува на неговиот партиски претходник кога овие институции се користеа за пресметка со политички неистомисленици и новинари. Не може никако поинаку да се толкува ова назначување на оваа навистина сензитивна позиција. Ќе ги известиме сите наши стратешки партнери и ќе побараме соодветно мислење и реакција за назначувањето на Христовски од нивна страна.

Истовремено ја повикувам претседателката Гордана Сиљановска Давкова да заземе свој став и да го запре најавеното спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Кога има ваква најава за партизација на АНБ, тоа со спојувањето би значело дека ќе има зголемување на капацитетите на АНБ. Тоа би било една гломазна институција која тешко ќе се контролира и која видовме до 2016 година за што и како се користеше – рече Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот