фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Филип Клеман веќе не е тренер на Глазгов Ренџерс

Филип Клеман веќе не е тренер на фудбалскиот клуб Глазгов Ренџерс, официјално стои на клупскиот сајт.

По поразот од Сент Мирен, со заостанување од 13 бодови зад лидерот Селтик во шкотската Премиер лига, ова беа едни од главните причини за разделба со 50-годишниот белгиски стручњак.

Клеман не ги оправда големите очекувања, бидејќи овој месец беше елиминиран и од Купот на Шкотска по поразот од Квинс Парк (0:1), што ги збесна навивачите.

Дополнително, самиот клуб е во транзиција бидејќи веќе со месеци се водат преговори за продажба, а до крајот на сезоната се очекува „49 Ентерпрајс“ да купи мнозински пакет акции.

Клеман, кој имаше релативно успешни периоди во Беверен, Генк, Бриж и Монако, го презеде Ренџерс во октомври 2023 година, го освои шкотскиот Лига куп, но загуби од Селтик со 2:1 во првенството и 1:0 во финалето на шкотскиот ФА Куп, пропуштајќи два големи трофеи минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот