фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Филаделфија иглс е новиот НФЛ шампион, Џејлен Хертс МВП на 59. Супербол

Во Њу Орлеанс се одржа 59. финале на Супербол, а на крајот на уште еден спектакл од ваков тип, таков каков што само Американците можат да го приредат, Филаделфија иглс убедливо го совлада минатогодишниот шампион Канзас Сити Чифс – 40:22.

Благодарение на одличната одбрана, тимот на Филаделфија убедливо го победи својот ривал, кој трипати триумфираше во финалето на Супербол во последните пет години.

За потсетување, тимот на Канзас, предводен од Патрик Махоумс, еден од најдобрите бекови во историјата на НФЛ, славеше на 17 последователни натпревари.

Бекот на Филаделфија Џејлен Хертс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на 59. Супербол.

На стадионот во Њу Орлеанс, публиката вклучуваше бројни легенди на НФЛ, како и други познати спортисти и ѕвезди на шоу-бизнисот: Том Брејди, Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Серена Вилијамс, Пол Мекартни, Кевин Костнер, Тејлор Свифт, Џеј Зи, Ен Хатавеј, Семјуел Л. Џексон, Бредли Купер, Адам Сендлер..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот