Фил Фоден/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фил Фоден прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата

Спортските новинари во Англија го избраа најдобриот фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2023/24, а наградата му припадна на играчот на Манчестер сити, Фил Фоден (23).

Фоден, кој може да ги игра сите позиции во напаѓачката половина од тимот, доби 42 отсто од гласовите пред вторжопласиран Деклан Рајс од Арсенал и неговиот тимски колега Родри, кои беа најблиску во трката за наградата.

Фудбалерот на Сити оваа сезона постигна 24 гола во сите натпреварувања и навивачите се поделени околу тоа колку ја заслужува оваа награда.

– Исклучително сум горд што ја освоив оваа награда. Сега сум фокусиран да ја завршам сезоната што е можно подобро и да се обидам да му помогнам на Сити да освои што повеќе трофеи – изјави Фоден.

Манчестер сити моментно е втор во табелата во Премиер лигата, со еден бод помалку од Арсенал и со натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот