Instagram

Фигура од свадбената торта на Слеш се продава на „eBay“ со вистинска коса од музичарот (ФОТО)

Горниот дел од свадбената торта, со вистинската коса на гитаристот од „Guns N’ Roses“ е на аукција на порталот eBay за 3.000 долари, пишува Ultimate Classic Rock.

eBay/Hayden Gallerie

Куќата Julien’s Auctions во октомври минатата година потврди дека станува збор за декорација од свадбената торта на музичарот Слеш и неговата сопруга Перлa Ферар. Парот се разведе во 2018 година.

eBay/Hayden Gallerie

„Ова е пластична скулптура, декорација на тортата со шешир, вел и косата на Слеш, а ги претставува фигурите на младоженците“, пишува во описот на предметот и додава:

eBay/Hayden Gallerie

„Кога Перла Хадсон го предаде овој предмет на Julien’s Auctions, истакна дека косата на декорацијата навистина му припаѓала на поранешниот сопруг Слеш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот