Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

ФИФА го скрати списокот: Скалони, Анчелоти и Гвардиола останаа во игра за тренер на годината

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес ги објави трите номинации за најдобар тренер во годината и во најтесна конкуренција за оваа награда останаа аргентинскиот селектор, Лионел Скалони, Карло Анчелоти од Реал Мадрид и Пеп Гвардиола од Манчестер Сити.

Наградите за најдобрите ФИФА ќе ги додели на 27-ми февруари на гала-церемонијата во Париз. Како што стојат работите, прв фаворит е Скалони кој со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.

Од пошироката листа тренери по гласањето отпаднаа: Дидие Дешан, Валид Регреги и Златко Далиќ.

Во женска конкуренција за наградата ќе се борат Пиа Сундхејџ, Санрина Веигман и Соња Бомпастор.

Претходно во текот на вчерашниот ден беа објавени номинациите за најдобар голман и таму во конкуренција се Јасин Боно, Тибо Куртоа и Емилијано Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот