Роберт Фицо / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Фицо го доби мандатот за составување влада од словачката претседателка

Словачката претседателка, Зузана Чапутова, попладнево ќе се сретне со Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на изборите, што се одржаа во сабота, и ќе му даде политички мандат да ги почне преговорите за формирање нова влада, соопштија од нејзиниот кабинет.

Фицо и неговата партија СМЕР освоија речиси 23 отсто од гласовите по кампањата за прекин на воената помош за Украина. СМЕР го победи либералниот противник Прогресивна Словачка (ПС), која доби 18 отсто од гласовите.

Бидејќи нема мнозинство, се очекува Фицо да се обиде да формира коалициска влада со Хлас, партија која се отцепи од СМЕР во 2020 година и освои речиси 15 отсто од гласовите на изборите, а најверојатно и со про-руската словачка национална партија (СНС), која освои 5,6 отсто од гласовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот