Петр Фиала во Киев/ Фото Твитер

Фиала во официјална посета на Киев

Чешкиот премиер Петр Фиала денеска пристигна во официјална посета на Украина.

„Ние сме во Киев, кој исто така беше под руски ракетен оган утрово. Имаме серија преговори со украинските пријатели. Верувам дека тие ќе дадат конкретни резултати”, напиша тој на Твитер.

Тој оцени дека Украинците не се борат само за својата земја, туку и за Европа.

„Нашата поддршка ќе продолжи” додаде тој.

Претходно беше објавено дека дел од чешката влада ќе го посети Киев и дека е закажана средба меѓу владите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!