
ФОТО | Жена едвај преживеала напад од бесна видра: Животното ѝ одгризало дел од увото
Американката Џен Ројс од Монтана која со пријателите се разладувала во река, го преживеала нападот на бесната видра, но не без последици, бидејќи животното ѝ нанело сериозни повреди на лицето, и ` одгризало дел од увото, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Таа го прославувала својот роденден на реката Џеферсон во Бозман, кога неочекувано бесна видра ги нападнала неа и нејзините пријателки.

Како што раскажува жената, нападот траел околу пет минути, а нејзините повреди може да се забележат на фотографиите кои ги споделила на социјалните медиуми.

Видрата ѝ нанела повреди на нејзиното лице, ѝ одгризала дел од увото и имала модринки и гребаници на рацете и нозете.

„Таа ме гризна за лицето на неколку места, ме касна за ушите, рацете, нозете и бутовите. Ги гризна моите пријатели за рацете и задникот. Палецот на една од другарките беше буквално смачкан, а таа има и траги од каснување по целото тело”, напишала Џен.
Таа објаснила дека нападот се случил во длабокиот дел од реката, поради што жените не можеле брзо да реагираат и да избегаат до брегот.

„Изгубив речиси половина од моето уво. Но, среќна сум и благодарна што сум жива“, заклучила Џен.

По речиси еден час успеале да најдат помош, а Џен Ројс итно била префрлена во болница каде била оперирана.