фото: ffm.mk

ФФМ: Воска Спорт и Гостивар ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ.

ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29 коло во Прва МФЛ.

За неодигрување на натпреварот од 30 коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра.

ГФК Гостивар АД се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30 коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31 коло во Прва МФЛ;

Од ФФМ воедно напоменуваат дека по правосилноста на овие одлуки, екипите на ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

Дополнително, ФФМ ќе ги искористи сите можни механизми да ги врати/наплати наменските средства во износ од 150,000.00 евра, паричен износ кој ФК Воска Спорт АД ги доби на 10 април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот