фото: Screenshot/facebook/F.C Voska Sport

ФФМ: Вардар доби службена победа од 3:0 против Воска Спорт

Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрираше натпреварот ФК Воска АД – ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3, победа за Вардар.

Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот од лигашкото коло.

Воедно Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика) на споменатиот меч.

Арбри Клодиан, тренерот на Воска Спорт и Агон Хани, капитенот на екипата се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на Воска Спорт да го напуштат теренот на натпреварот.

Вардар се наоѓа на седмото место на прволигашката табела со 32 бодови, додека Воска Спорт е на последната 12 позиција со 22. Во следното коло од шампионатот. на 27 април Вардар ќе го пречека тимот на Беса 1976, додека Воска Спорт еден ден подоцна оди кај Брера Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот