фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Фемке Бол го урна сопствениот рекорд на 400 метри во сала

Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори сопствениот светски рекорд во трката на 400 метри во сала за време на холандското првенство во Апелдорн.

Бол ја заврши трката за 49,24 секунди, што е за две стотинки побрзо од претходниот светски рекорд што го постави минатата зима, во истата сала.

Бол е актуелна светска шампионка во трката на 400 метри со пречки и член на шампионската штафета на 4х400 метри.

По шести пат во кариерата, Бол успеа да ја истрча трката на 400 метри во сала за помалку од 50 секунди, а поседува шест од 12-те најдобри резултати на сите времиња во оваа дисциплина.

Актуелната светска шампионка на отворено на 400 метри со пречки со овој резултат се истакна како главен фаворит за светската титула во сала на 400 метри, а тој златен медал ќе има можност да го освои од 1 до 3 март на СП во Глазгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот