
Фекалните води од Велипоја во Албанија секојдневно се испуштаат во реката Бојана
Фекалните води од албанскиот туристички град Велипоја, кој се наоѓа на нешто повеќе од два километри од реката Бојана, во големи количини се испуштаат во реката и шират неподнослива смрдеа во околината, јавува црногоскиот весник „Вијести“. Измет се испушта еднаш, а во текот на летото, два пати на ден, што, како што пишува порталот Подгорица, го прави бесмислено практикувањето на секаков вид риболов или престојот во црногорскиот дел на Бојана.
Препорачано
„Инциденти се случуваат на околу 500 метри низводно, на првата кривина. Претходно канализацијата се испушташе само ноќе за да не се гледа, сега тоа се прави отворено преку ден. Не можеме да ловиме поради неподносливата смрдеа, па се откажуваме. Ова има катастрофален ефект и врз растителниот и животинскиот свет на реката“, вели еден од рибарите на Бојана.
Улцињскиот еколог Џелал Хоџиќ изјави дека излевањето на отпадни води кај Велипоја, ѓубрето, ловокрадството, мртвите животни кои пливаат во реката се само дел од прашањата кои бараат итно внимание од надлежните институции на Црна Гора и Албанија.
„Вијести“ наведува дека ова не е прв еколошки инцидент на Бојана, бидејќи пред пет години биле забележани пластични кеси со стотици мртви кокошки како пливаат во реката. Тогаш немаше никаква реакција од Албанија, освен соопштение во кое се наведува дека „можно е да пристигнале од таа земја, но не мора да значи“. Анализите на црногорската управа за безбедност на храната тогаш покажаа дека мртвите кокошки имале салмонела тип Ц, пренесува Танјуг.