epa09065793 A handout photo made available by beIN Sports of Roger Federer of Switzerland playing a forehand against Daniel Evans of Great Britain during their match at the Qatar Exxonmobil Open in Doha, Qatar, 10 March 2021. EPA-EFE/Samer F Rejjal / HANDOUT by beIN Sports SHUTTERSTOCK OUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
Федерер со победа се врати на терените
Слободен печат
Пред
Рожер Федерер по пауза од 13 месеци, го одигра првиот официјален меч и во второто коло на турнирот во Доха го победи Британецот Даниел Еванс во три сета 7:6,3:6,7:5. Ова беше прв меч кој Швајцарецот го одигра по пауза од 405 дена поради двојната операција на коленото.
Паузата си го стори своето и Федерер во петтиот меѓусебен дуел со Еванс го загуби првиот сет. Во целиот сет, единствената брејк топка ја имаше Еванс во деветтиот гем, но Федерер успеа да се спаси, а потоа одлучувачкиот гем да го освои со 10:8.
Во вториот сет, Еванс во четвртиот гем направи брејк и предноста ја зачува до крајот на сетот (3:6) и мечот го однесе во одлучувачкиот трет сет.
Во него и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до финишпот. До 12. гем немаше брејкови, а притоа Еванс имаше две брејк топки, додека Федерер само една. На крајот, Федерер при водство од 6:5 успеа да го одзеде сервисот на противникот и да дојде до победа на првиот меч по пауза од 13 месеци.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Управата за јавни приходи склучила договор за привремени вработувања со Агенцијата „Контакт бизнис“ во износ од 19 милиони денари со ДДВ, или 309.000 евра. Агенцијата треба да и даде работници кога ќе и потребаат, а за тоа ќе си наплати провизија од 8,1 процент од бруто-платата на секој изнајмен работник. Или, ако нето-платата на работникот …
Со почетокот на учебната 2025/2026 година, образованието во Македонија продолжува со чекори кон дигитализација. Од Министерството за образование и наука најавија нови реформи: дигитални алатки во наставата, како и формално образование за деца на долготрајно болничко лекување Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Наполи со кратка порака го потврди враќањето на Елмас …