Фото: МИА

ФБИ: Насилниот криминал во САД опаѓа втора година по ред

Насилниот криминал во САД се намалил за 4,5% во 2024 година, што е втор последователен годишен пад, додека злосторствата од омраза се намалиле за 1,5%, покажува националниот извештај за криминал на Федералното биро за истраги (ФБИ), објавен денес.

Извештајот се базира на податоци од 16.675 државни и локални агенции за спроведување на законот, кои покриваат околу 86% од програмата за пријавување криминал на ФБИ, јавува Ројтерс.

Во документот се истакнува дека вкупниот криминал во САД е во опаѓање, особено откако беше забележан пораст за време на пандемијата на COVID-19.

Овие бројки се сметаат за позитивен индикатор за безбедносната состојба во земјата, иако официјалните власти нагласуваат дека остануваат предизвици, особено во одредени урбани средини и во спречување на поединечни екстремистички напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот