Концертната промоција на новото пијано ќе се одржи на 26 февруари

Факултетот за музичка уметност ќе го промовира новото пијано со настап на Симон Трпчески во Националната опера и балет

Во големата сала на НУ Национална опера и балет на 26 февруари, со почеток во 19 часот, ќе се одржи концертна промоција на пијаното Feurich, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од Кочо Анѓушев, во соработка со Австриската амбасада и Н.Е. Мартин Памер, со сесрдна поддршка на Националната опера и балет и директорот Оливер Арсовски, како и „Пијано центар“.

Ексклузивен гостин на вечерта ќе биде амбасадорот и промотор на македонската култура – Симон Трпчески, кој е алумни на ФМУ – Скопје, а ќе настапи со реномирани уметници и професори од ФМУ – Скопје.

Факултетот за музичка уметност е јадро на музичката едукација во земјата со најдолга историја, која кадровски ги екипира најзначајните институции, кои се столбови на македонската музичка култура, како Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Националниот џез-оркестар, Битолскиот камерен оркестар, како и наставниот кадар за стручното и општо образование на сите нивоа во Републиката.

– Препознавањето на значењето на ФМУ – Скопје и поддршката се пресудни за понатамошниот квалитативен подем на музичката и балетската сцена како стожери на културниот развој во Македонија. Претстои прекрасен концерт, кој ќе биде пример за тоа како треба и може да делуваме заедно за подобра иднина – истакнуваат од Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот