
Ф1 – Критики по тимската одлука Пјастри да му попушти на Норис: Дали Мекларен „навива“ Британецот да биде првак?
Според Берни Еклстоун, Мекларен го претпочита Британецот Норис како светски првак, пред Австралиецот Пјастри, кој е моментно водечки во генерален пласман
Италијанското гран-при донесе еден од најконтроверзните моменти сезонава во трката за титулата. Поради бавното запирање во боксот (грешка на механичарите), Ландо Норис беше претекнат од неговиот тимски колега и ривал, Оскар Пјастри.
Препорачано
Затоа, Мекларен брзо побара од лидерот во вкупен пласман Пјастри да подзастане за да може да му ја врати позицијата на Британецот во последните кругови од трката.
Шефот на тимот, Андреа Стела за официјалната веб-страница на Ф1 ги објасни причините за одлуката.
– Сметавме дека е фер да се вратиме на позициите што ги имавме пред запирањето во боксот. Сигурен сум дека Оскар ќе се согласи со ова. Тој веќе се согласи за време на трката. Уште еднаш ги демонстриравме вредностите и принципите што ги имаме во Мекларен – заклучи Италијанецот.
Celebrations with the team 🧡#McLaren | #ItalianGP 🇮🇹 pic.twitter.com/gOQAC5E7a4
— McLaren (@McLarenF1) September 8, 2025
Но многу личности поврзани со Формула 1 не се двоумеа јавно да ги критикуваат. Еден од нив беше Берни Еклстоун, кој жестоко ја критикуваше одлуката на тимот.
– Тие секогаш зборуваат за праведност. Но, дали е исправно да се казни Пјастри за тимска грешка? Не. Се чини дека Мекларен го претпочита Норис како светски шампион. Грешките како што се бавните запирања во боксот или оштетувањето на моторот стануваат се поретки, но тие се дел од спортот – појасни тој.
Најинтересен беше делот меѓу 47. и 49. круг кога Пјастри беше повикан својата позиција да му ја препушти на Норис.
Max defends his lead from a charging Lando, whilst Oscar takes back the place from Charles! 🫢
Watch the reactions of our commentary team from the booth as it happened, presented by @AmericanExpress 🎙️#F1 #ItalianGP pic.twitter.com/b2e2OPebZL
— Formula 1 (@F1) September 9, 2025
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен триумфираше на Големата награда на Италија. Втор беше Норис, а трет Пјастри.
Пјасти води во генерален пласман (324 поени), пред Норис (293). Разликата е тесна, а до крајот има уште осум трки. За две недели е трката во Азербејџан.