EPA/ANNA SZILAGYI

Ф1 – Еклстоун безмилосен: Побргу безбедносно возило ќе победи на трка отколку што Хамилтон ќе стане првак

Тајкунот цинично коментира колкава шанса има Хамилтон повторно да биде светски првак

Берни Еклстоун е познат по изјавите од типот „што на ум тоа на друм“ па таква е и неговата најнова изјава во однос на Луис Хамилтон кој дојде во Ферари сезонава со големи амбиции да освои уште една титула во Формула 1, но се изгуби во просечноста и сега е само шести во вкупен пласман.

– Побргу безбедносното возило ќе победи на трка отколку што Хамилтон ќе стане првак – изјави 94-годишниот тајкун кој едно време беше прв човек во Формула 1.

Хамилтон веројатно „голта кнедли“ поради оваа изјава на Еклстоун, но не возврати со коментар. Впрочем тој неодамна резигнирано изјави самиот за себе „јас сум бескорисен“.

Со Берни не се согласува Тото Волф, кој, веројатно исправно, смета дека лошиот пласман на Британецот се должи на несовршеностите на возилото на Ферари. Волф е прв човек на Мерцедес и поранешен шеф на Хамилтон.

– Ако Ферари го имаше најдобриот болид, мислам дека Луис, со своето искуство во освојување поени во текот на целата година, би можел да го освои првенството – изјави Волф.

Хамилтон е инаку рекорден седумкратен шампион, но последната титула ја освои во 2020 година.

Оскар Пјастри победник на Формула 1 трката за Големата награда на Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!