Фото: Centar Film / Christophel Collection / Profimedia

Евтино јадење кое Драган Николиќ го обожaвал: Бил негов специјалитет, кој го подготвувал за час и е превкусен!

Легендарниот актер Драган Николиќ, знаел да подготви само неколку јадења, запечените компири со сланина му биле специјалитет.

Нашите баби и дедовци често го јаделе ова кога немале можности за нешто повеќе, а за компири и сланина секогаш имало, па во минатите години ова јадење било редовен оброк на југословенските трпези на село.

Познатиот актер најчесто го подготвувал во зима со пиво, но и во лето е одличен оброк кој може да се послужи за ручек или за вечера.

Состојки:

– 3 компири

– малку кајмак

– 6 парчиња сланина

Подготовка:

Не ја отстранувајте лушпата на компирите, само добро измијте ги и пресечете ги на половина. Ставете ги во плех и печете на 200 степени околу 15 минути.

Потоа извадете и преку секој компир ставете парче сланина, врз секоја малку кајмак и вратете на печење. По желба можете да додадете и црвена мелена пиперка.

Кога ќе биде готово, додајте уште малку кајмак и послужете со ладно пиво.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот