epa11277686 CEO of Tesla Motors Elon Musk attends the tenth Breakthrough Prize Ceremony at the Academy Museum of Motion Pictures in Los Angeles, California, USA, 13 April 2024. The gala honors acclaimed science and mathematics luminaries with leading figures from the worlds of entertainment, technology, sports and business. EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Европските лидери не му молчат на Маск повеќе – го обвинија за мешање во внатрешната политика

Нема европски лидер што го почувствувал „бесот“ на Илон Маск во неговите објави на социјалните мрежи повеќе отколку германскиот канцелар Олаф Шолц.

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа „Икс“ го нарече Шолц „некомпетентна будала“ и побара да даде оставка, пишува Би-Би-Си.

Во четврток Маск ќе ја искористи својата платформа да ја покани Алис Вајдел, челничката на крајно десничарската партија противник на имиграцијата „Алтернатива за Германија“ (АФД) на долг разговор.

За многу германски политичари, мириса на политичко мешање, додека АФД е на второто место на анкетите пред федералните избори закажани за 23 февруари.

Мора да останете ладни, не го хранете тролот, рече Шолц.

Иако на некои од европските лидери поточно на Џорџиа Мелони, Маск им е наклонет, на други им е тешко да го игнорираат бидејќи тој се меша во нивната внатрешна политика пред да стапи во улогата на советник на претстедателот Доналд Трамп.

Во рок од 24 часа четири европски влади приговараа на објавата на Маск.

Емануел Макрон прв изрази неверување уште во понеделникот.

Пред 10 години, кој би поверувал ако ни кажеа дека сопственикот на една од најголемите социјални мрежи во светот, ќе поддржува нов интернационален отпор и движење, и ќе интервенира директно во изборите, вклучително во Германија, праша Макрон.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор кажа дека „е загрижувачко што човек со значителен пристап до социјални мрежи и економски ресурси е толку директно вклучен во внатрешните работи на други држави“.

Портпаролот на владата на Шпанија Пилар Алегрија рече дека дигиталните платформи како „Икс“ треба да се однесуваат со апсолутна неутралност и без мешање над се.

Маск ги подвлекува статистиките за криминал во Норвешка и Шпанија и го припиша нападот во Германија на божиќниот фестивал на „масовна непроверена имиграција“.

Изминатите неколку денови Маск напиша бројни објави напаѓајќи го премиерот на Обединетото Кралство Стармер и неговата администрација за „оспособување на бандите и на сексуалните престапници кон деца“.

Оние кои шират лаги и дезинформации колку што можат подалеку, не се заинтересирани за жртвите, тие се заинтересирани за самите себе, рече премиерот на Обединетото Кралство, без да го спомене Маск.

Исклучоци од овој наратив за Маск се само двајца – политичарите во Унгарија и во Италија. Премиерката Мелони има блиски врски со Маск и го нарекува „гениј“ и „исклучителен иноватор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот