Александар Лукашенко / Фото ЕПА

Европскиот парламент бара апсење на Лукашенко

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ги повика земјите и институциите на ЕУ да побараат издавање на потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС), за апсење на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Институциите на ЕУ и земјите-членки се повикани да ги преземат сите неопходни чекори на меѓународно ниво за да овозможат гонење на белоруските политички и воени лидери одговорни за „злосторства против човештвото и геноцид“, објави N1.

Комитетот денеска го одобри извештајот за ситуацијата во Белорусија, во кој се наведува дека „Пратениците на Европскиот парламент со голема загриженост ја следат очигледната политичка, економска, воена и културна подреденост на Белорусија кон Москва, правејќи ја земјата де факто сателит држава која има и тактичко нуклеарно оружје под руска команда“.

извор : N1.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот