
Европски суд: Русија е одговорна за убиството на познатиот шпион во Англија
Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко, шпион, кој од труење со полониум почина во Лондон во 2006-та година, заклучи Европскиот суд за човекови права, пренесува Би -Би -Си.
Препорачано
„Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија“, се вели во соопштението на судот за неговата пресуда.
Русија отсекогаш негирала било каква вмешаност во смртта на Литвиненко.
43 -годишниот Литвиненко, отворен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој избегал од Русија во Велика Британија шест години пред да биде отруен, починал откако се напил зелен чај со редок и многу моќен радиоактивен изотоп во хотелот „Милениум“ во Лондон.

Британската истрага во 2016-та година заклучи дека Путин веројатно ја одобрил руската разузнавачка операција за убиството на Литвиненко.
Исто така, беше откриено дека поранешниот телохранител на КГБ, Андреј Луговој и уште еден Русин, Дмитриј Ковтун, го извршиле убиството како дел од операцијата најверојатно предводена од Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), главниот наследник на КГБ од советско време.

„Судот утврди дека постои силен случај дека, со труењето на Литвиненко, Лугова и Ковтун дејствувале како агенти на руската држава“, соопшти Европскиот суд.