Prva TV / Screenshot

Европски фронт со Села ќе трча на локалните избори во Струга

Европскиот фронт предводен од ДУИ ќе го кандидира Зијадин Села за градоначалник на Струга, неофицијално објавуваат дел од медиумите на албански јазик.

Досега своја независна кандидатура најави бизнисменот Менди Ќира, кој ќе биде поддржан од коалицијата Вреди.

За време на отворањето на изборниот штаб на Вреди во Струга, заменик-премиерот и еден од лидерите на коалицијата, Арбен Фетаи, го предизвика директно својот поранешен партиски колега, Зијадин Села.

„Зијадин, бујрум мери се со Менди Ќира и да видиме во октомври кој ќе ја освои Струга!“, изјави Фетаи пред. Тој ги обвини Села и Таравари дека се обидуваат да го вратат Али Ахмети на власт преку тајни договори.

Ако се точни информациите кои ги пренесуваат албанските медиуми, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на овие избори ќе се обиде по трет пат да стане градоначалник на Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот