Фото: Европски фронт

„Европски фронт“ ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите

Елми Азири од „Европски фронт“ на денешната прес-конференција информира дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки за приговорите што се однесуваат за Петтата и Шестата изборна единица.

– Ве известуваме дека веќе ги алармиравме сите надлежни институции и меѓународниот фактор бидејќи имаме точни информации дека во петокот преку политички притисок им биле дадени партиски инструкции на членовите на Државната изборна комисија од нивното седиште. Нагласуваме дека овие дејствија претставуваат кривични дела и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги искористи сите демократски форми за заштита на слободниот глас на граѓаните. Во таа насока, ве известуваме дека веднаш по донесувањето на одлуката истото ќе го обжалиме и до Управниот суд, рече Азири.

ДИК прифати седум приговори, шест во Изборната единица 5 и еден во Изборна единица 6

Азири смета дека донесената одлука за прегласување на некои избирачки места во Петтата и Шестата изборна единица е неправедно и со надгласување како во времето на едноумието.

„Европскиот фронт“ апелира до институциите да постапат според законот без да прифатат притисоци од политичките партии. Ја повикуваат меѓународната заедница будно да ја следи ситуацијата затоа што, како што рече Азири, повторно се инсталира заробената држава, надгласувањето и етничката мајоризација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот