
Европската куќа во Скопје одбележува пет години од отворањето
„Мисијата на Европската куќа е да ја приближи ЕУ до младите луѓе и во исто време да им помогне да ги остварат своите соништа и аспирации овде во Северна Македонија“ сподели Амбасадорот Михалис Рокас, по повод петгодишнината од отворањето на мрежата на Европска куќа низ земјава.
Препорачано
На 5 ноември 2024 година, Европската куќа во Скопје одбележа 5 години од нејзиното отворање и воспоставувањето на мрежата на „места на новата генерација“ во Северна Македонија. Годишнината се совпадна со Меѓународниот драмски студентски фестивал „Скомрахи“ во 2024 година.
Европската куќа во Северна Македонија беше отворена во ноември 2019 година, со отворање на канцеларија во Скопје од страна на тогашниот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли (1956 – 2022). Во текот на петте години, мрежата прерасна од една на седум со отворање на канцелариии во Крива Паланка и Струмица (2020), Битола и Велес (2023) и Струга и Тетово (2024). И покрај тоа што обезбедува урамнотежена географска покриеност, мрежата на Европската куќа вклучува претежно, но не исклучиво, млади луѓе од сите сфери на животот.
Одбележувањето на петгодишнината беше искористено за поддршка на изданието на Меѓународниот фестивал на драмски студенти „Скомрахи“ за 2024 година. Од 1 до 5 ноември под покровителство на Европската куќа, се одржаа 6 театарски претстави, 8 филмови, 1 изложба и бројни студентски средби. Завршувањето на „Скомрахи“ го одбележа централниот настан на мрежата на Европската куќа. Сето ова заради поддршка и вреднување на секторот култура во Северна Македонија што Европската куќа постојано го покажува.
Но, културата е само една област од активностите на Европската куќа. Мрежата, исто така, вклучува учесници од областа на животна средина, образование, здравство, човекови права, дигитални вештини, претприемништво и многу повеќе. Целта е да се вклучат младите во активности и иницијативи кои се важни за нив и кои се поврзани со ЕУ, нејзините вредности и политики.
– Мисијата на Европската куќа е да ја приближи ЕУ до младите луѓе и во исто време да им помогне да ги остварат своите соништа и аспирации овде во Северна Македонија. На овој начин сакаме да придонесеме за подготвување на новата генерација идни граѓани и лидери на ЕУ“ – рече Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас.
До денес, мрежата на Европската куќа организираше околу 3.500 настани, во кои учествуваа 140.000 учесници. Секој ден, 70-100 млади луѓе комуницираат со или преку мрежата – било да е тоа за поттикнување врски, учење или споделување визија за иднината. Мрежата на Европската куќа ќе продолжи да биде енергична, да ги зближува младите и општеството да споделуваат идеи, да учат и – што е најважно, да прават разлика!