фото: vfmkd.org.mk

Европска златна лига: Никола Ѓорѓиев е најдобар поентер, Филип Савовски најефикасен меѓу блокерите

Во вкупниот впечаток за настапот на македонските одбојкари во Европската златна лига ќе влезе и поединечното рангирање во кое имаме двајца одбојкари на врвот на листите.

Никола Ѓорѓиев освои 138 поени на шесте натпревари и е најдобар поентер во лигашкиот сегмент, а македонскиот капитен е и прв напаѓач со 126 поени од акција не сметајќи ги блоковите и асовите. Зад него останаа хрватскиот коректор Петар Џирлиќ и белгискиот Рехерс што зборува доволно за остварувањето на Ѓорѓиев.

Задоволство има и за поредокот кај средните блокери затоа што Филип Савовски е на врвот на листата на која се одбојкарите на оваа позиција според вкупниот број освоени поени. Тој има 62, два повеќе од играчот на Трентино, Белгиецот Де Хер.

Савовски оствари 20 блока исто како и Јакопец од Хрватска, со напомена дека Хрватот има подобар просек во сет во втората децимала, па во оваа статистичка категорија нашиот блокер е втор во најсилното годишно натпреварување на ЦЕВ.

Со биланс од една победа и пет порази, но со освоени два сета, односно по еден бод протиг Белгија и против Хрватска на гости, Македонија заврши на 10 позиција, што е за едно место повисоко од лани кога имаше две победи на домашен терен против истите противници. Со оглед дека сега во составот не беа Деспотовски и Љафтов, а „црвено-жолтите“ се сретнаа со три учесници на завршниот турнир во Осиек (Хрватска, Чешка и Естонија), играта на нашата репрезентација беше на ниво кое ветува успех во августовските квалификации за ЕП 2026 година. На гости кај Грузија и против Грција дома, според прикажаното во Европската златна лига, а сега со целиот кадровски потенцијал, Македонија има реални шанси да биде дел од континентален собир четврти пат по ред.

Македонските одбојкари поразени и од Шпанија, наредна цел е Европското првенство 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот