фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Евролига: Ти Џеј Шортс и Париз ја оправдаа фаворитската улога против Алба Берлин

Во последното 34 коло од Евролигата кошаркарите на Париз на домашен терен со 72:63 беа подобри од Алба Берлин.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс придонесе во победата на Французите со 10 поени, еден скок и седум асистенции 23:42 минути игра на паркетот.

Најефикасен во победничките редови беше Надир Хифи со 15 поени.

На спротивната страна за германскиот тим Џастин Бин беше прв стрелец со 14 поени.

После овој меч Париз е на деветтата позиција во Евролигата со учинок 19-15, и го чека исходот од дуелот помеѓу Црвена звезда и Панатинаикос за да го дознае својот конечен пласман.

Алба Берлин и втора сезона по ред завршува на последното место и тоа со идентичен учинок 5-29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот