Евроинтеграцијата на Македонија тема на разговор на средбата Пендаровски-Лосон

Фото: Кабинет на Стево Пендаровски

Евроинтеграциониот процес на Македонија, актуелните случувања и предизвици во регионот биле теми на разговор на денешната средба помеѓу претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Лосон размениле мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на Македонија во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

Пендаровски изразил и увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодарил за постојаната британска поддршка за клучните прашања од независноста на државата до денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот