
Евро 2020 и дефинитивно се одложува за наредната година
Поради пандемија на коронавирусот, Европското првенство е одложено за година дена и ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година, одлучено е на итниот состанок на УЕФА.
Тоа што во последниот период се најавуваше, денеска доби и официјална потврда, Европското првенство се одложува и ќе се игра наредната година.
Препорачано
Оваа информација ја објави Фудбалската федерација на Норвершка, а официјалната одлука УЕФА ќе ја соопшти нешто подоцна, кога ќе завршат сите предвидени состаноци.
UEFA har bestemt at EM utsettes til 2021. Det skal spilles fra 11. juni til 11. juli neste år. Mer informasjon kommer.
— NorgesFotballforbund (@nff_info) March 17, 2020
Евро 2020 требаше да се игра од 12 јуни до 12 јули годинава и тоа во 12 европски градови, а новиот термин е 11 јуни-11 јули 2021 година, но УЕФА треба да донесе одлука дали исто така ќе се игра во 12 градови.
Со ваквата одлука се отвора можноста сите национални првенства да се доиграт, но УЕФА бара тие да завршат најдоцна до 28 јуни, а доколку стивне пандемијата на коронавирусот, тогаш финалето од Лигата на шампионите би се играло на 30 јуни.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
3мин
-
26мин
-
37мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5