ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија
С.П.
Пред
На бензинската станица на „Макпетрол“ во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија.
– ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните седум години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со „Макпетрол“ ни е многу важна – споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците – изјави Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Фото: ЕВН
Во 2022 година, на бензинската станица на „Макпетрол“ близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така, во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа што произведува електрична енергија од обновливи извори.
– Грижата за животната средина е меѓу стратешките цели на „Макпетрол“ и е вклучена во нашиот годишен план преку „Зелената агенда“. Во рамки на овие активности, друштвото на различни начини ќе инвестира во заштита на околината. Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија – вели Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“.
Фото: ЕВН
Полначите се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото.
ЕВН и „Макпетрол“ својата грижа за животнта околина ја демонстрираат во конкретни инвестиции во доменот на „зелената“ енергија. И двете компании, покрај проектите за електромобилност, поставуваат и фотоволтаични централи за потребите на сопствените објекти. ЕВН ја надградува флотата со електрични возила и инвестира во производство на обновлива енергија, а „Макпетрол“ ќе продолжи да ја проширува мрежата за автоплин и метан (КПГ) преку вложување во малопродажни објекти.
Комерцијален текст
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сатја Грабулоски е македонски уметник кој преку своето „Свитхадот студиос“ („Swithadot Studios“) гради една од највпечатливите глобални креативни приказни. Неговите уникатни, рачно изработени дизајни ги носат најголемите имиња од спортот, музиката и шоу-бизнисот – од Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, до Дуа Липа и Снуп Дог. Неговото интервјуто за американскиот магазин „Форбс“ и …
Во текот на изминатите денови, градот доби нов сјај и светлина благодарение на кулата која се наоѓа на врвот на Водно, за чија изградба беа потребни 12 години. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Учениците на грбот носат и до 10 килограми тешки ранци: Родители, внимавајте на „правилото 10 отсто“ 2 Никогаш …