
Еве како една салфетка ѝ донесе на поранешната сопруга на холивудскиот магнат 100 милиони долари
Ејми Ирвинг и Стивен Спилберг официјално се разделија во 1989 година, а пензионираната актерка доби 100 милиони долари во бракоразводната парница. И покрај тоа, поранешните сопружници останале во толку добри односи и до ден-денес одат на двојни состаноци со сегашниот сопруг на Ирвинг, Кенет Баузер Јуниор и сопругата на Спилберг, Кејт Капшо.
Препорачано
„Секогаш комунициравме и бевме блиски“, рече Ирвинг, која го запознала Спилберг во 1976 година, но раскинале во 1980 година.
Четири години подоцна ја обновиле врската кога таа ја снимала мини-серијата „Далечните павилјони“, а тој барал локација за снимање на филмот „Индијана Џонс и проколнатиот храм“.
Се венчале во 1985 година, а предбрачниот договор го потпишале на салфетка без присуство на адвокат. За време на нивниот четиригодишен брак, парот го доби синот Макс.
Кога сфатиле дека нивниот брак веќе не функционира, решиле да се разделат, а судијата кој го водел нивниот случај за развод врз основа на предбрачниот договор напишан на салфетка донел пресуда сметката на Ирвинг да се збогати за 100 милиони долари. Богатството на Спилберг денес се проценува на 5,3 милијарди долари.
„Мислам дека беше болно да се биде сопруга на Стивен Спилберг, а потоа и да се биде поранешна сопруга на Стивен Спилберг“, изјави таа за LA Times, додавајќи дека сепак би сниила филм со него бидејќи го цени нивното пријателство.